Дора Ристеска, сестрата на Тоше Проески, со торта го одбележа денот на неговото раѓање, 25 јануари, кога тој ќе полнеше 42 години. Таа објави слика од тортата на која е испишана порака „Секој твој роденден Тоше наша е воздишка“.
Не е првпат семејството на Тоше да го одбележи денот на неговото раѓање со торта. Тие пред неколку години направија торта со порака „Те сакаме сите Тоше“, потсетувајќи на зборовите што тој постојано им ги кажуваше на неговите фанови, а претходно Дора на гробот на Тоше на Гумење, Дора остави торта со детелина со четири листа и порака „најмило мое“.
По повод денот на раѓање на Тоше, во Загреб викендов се одржа молитва, а денеска во Скопје, по 19. пат се организира традиционална крводарителска акција. Во Крушево, во спомен куќата ќе се одржи промоција на уметнички дела со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“.