Родителите на Џејла Рамовиќ бесни поради врската со Марија Шерифовиќ - Таа ги убедува дека ја местат љубоморни колешки

Родителите на Џејла Рамовиќ бесни поради врската со Марија Шерифовиќ – Таа ги убедува дека ја местат љубоморни колешки

пред 3 години

Марија Шерифовиќ и победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ се во љубовна врска, тврди српски „Курир“.

Марија сеуште нема ништо искоментирано, но родителите на Џејла биле видно револтирани и лути по објавувањето на натписот, за наводниот близок однос на нивната ќерка, Џејла со пејачката.

Имено, по обелоденувањето дека се во врсла, во домот на семејството на Џејла во Горажда следувала вистинска драма. Нејзините родители со неверување, шокирани барале од младата пејачка да им ја каже вистината, а таа константно негирала и тврдела дека и местат афера, а зад сите невистини наводно стојат учесници од натпреварувањето кои се љубоморни на нејзиниот талент, слава и популарност.

Како што пишува српски „Курир“, семејството на Џејла многу ја почитува и цени Шерифовиќ, но сознанието дека нивната ќерка има нешто повеќе од пријателство со својата менторка за нив било удар.

Извор близок на Рамовиќ тврди дека Џејла ги убедувала родителите да не се грижат, дека има момче со кое наскоро ќе ги запознае. Истакнала дека Марија и е само поддршка во кариерата и образованието.

Марија Шерифовиќ се уште се нема огласено и во моментов се одмара и полни батерии во Америка.

 

Share
Scroll to Top