„Ролинг стоунс“ преку оглас во весник го најавија новиот албум по 20 години

„Ролинг стоунс“ преку оглас во весник го најавија новиот албум по 20 години

пред 1 година

„Ролинг стоунс“ по 20 години преку оглас во весник го најавија новиот албум. Музичарите го избраа лондонскиот весник „Хакни газет“, а рекламата изгледа како обично известување за нова продавница.

„Хакни дајмондс, специјалисти за поправка на стакло, отворање во септември 2023 година“, пишува на страница број три, а под текстот, следи описот.

„Нашиот тим ви ветува задоволство. Кога ќе речете дајте ми засолниште, ќе ви ги поправиме искршените прозорци“, сто меѓудругото во објавата.

„Загатката“ со зборови од познатите песни на „Ролинг стоунс“ вели дека ова е всушност најава за нивниот 31. студиски албум, а пак, на телефонскиот број наведен во огласот, се слуша гласовна порака: „Добредојдовте во ’Хакни дајмондс’, специјалисти за поправка на стакло. Не се лутете, дајте го на поправка“, се слуша машки глас со препознатливот англиски „Кокни“ нагласок.

Така, претпоставките говорат оти „Хакни дајмондс“ е насловот на новиот албум. Ова би бил прв ваков материјал на рок групата по речиси 20 години. За потсетување, последниот беше A Bigger Bang од 2005 година. Новиот албум ќе им биде и прв без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

Share
Scroll to Top