Роман Абрамович по дваесет години го напушти Челси

Роман Абрамович по дваесет години го напушти Челси

пред 3 години

Рускиот милијардер Роман Абрамович по две децении го напушти Челси. Откако доби забрана за престој во Велика Британија, тој вчера со соопштение кажа дека по 20 години заминува од клубот.

„Во текот на овие 20 години како прв човек на Челси, секогаш се трудев нашиот клуб да служи за пример и мојата работа да биде клубот да функционира на највисоко ниво. Да овозможам клубот да биде успешен и да градиме позитивна иднина во заедницата. Секогаш Челси ми беше на прво место и секогаш ми беше во срцето. Засекогаш ќе му бидам верен на клубот. Објавувам дека сопственоста ја предадов на Добротворната организација на Челси. Верувам дека на најдобар начин ќе се грижат за клубот, играчите, персоналот и навивачите“, напиша Абрамович.

За потсетување, светските медиуми пред неколку дена објавија дека Абрамович е протеран од Британија, а дека причината за тоа е неговата блиска поврзаност со рускиот претседател Владимир Путин.

Share
Scroll to Top