Роналдо е најплатениот спортист во светот

Роналдо е најплатениот спортист во светот

пред 2 години

Фудбалерот на Ал Наср и португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот, обави магазинот „Форбс“, а пренесе „Би-би-си“. Роналдо во претходните 12 месеци заработи 136 милиони долари. Португалецот за првпат од 2017 година е најплатениот спортист во светот.

„Би-би-си“, потсети дека на почетокот на годината премина во Ал Наср за повеќе од 200 милиони евра по сезона. Втор на листата е фудбаерот на Пар Сен Жермен, Лионел Меси, кој заработил 130 милиони долари во последната година дена. Неговиот соиграч, Французинот Килијан М’бапе е трет со 120 милиони.

Четврт е кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс со 119,5 милиони. На петтото место е мексиканскиот боксер Канело Алварес со 110 милиони долари, а зад него е голферот Дастин Џонсон со 107 милиони. Потоа следи неговиот колега Фил Миклсон со 106 милиони.

Осми е бекот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари со 100 милиони. На листата, на деветтото место се наоѓа и Роџер Федерер кој повеќе не е активен во тенисот. Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, не е во ова друштво. Заработката на Федерер е 95 милиони. Десетти е Кевин Дурант, кошаркарот на Феникс Санс, со 89 милиони долари.

 

Share
Scroll to Top