Саудискиот Ал-Наср неодамна беше во Техеран, каде одигра натпревар од азиската Лига на шампиони со домашниот тим Персеполис, а Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека има големо срце, особено кога се во прашање неговите навивачи. Имено, Португалецот и ја исполнил животната желба на иранската сликарка Фатима.
Фатима е инвалид и голем фан на португалскиот фудбалер. Видеото и фотографиите кои саудискиот клуб ги објави на социјалните мрежи пренесуваат колку оваа средба ѝ значела на Фатима.
Сепак, денеска иранските медиуми објавија дека Роналдо е казнет со 99 удари со камшик за оваа средба, или за тоа што го направил.
Имено, Роналдо ја прегрнал и ја бакнал иранската сликарка и на тој начин ги прекршил строгите закони кои владеат во таа земја. Во отсуство беше одлучено дека Португалецот мора да биде казнет со 99 удари со камшик, секако доколку некогаш се врати во Иран.