Роналдо пред мечот со Барселона, напиша дека ПЦР тестовите за короанвирус се срање

Роналдо пред мечот со Барселона, напиша дека ПЦР тестовите за короанвирус се срање

пред 3 години

Фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо, напиша на социјалнтие мрежи дека ПЦР тестовите за коронавирус се срање. Тој брзо потоа ја избриша објавата, но голем број од неговите фанови ја снимија и истата почнаа да ја шеруваат на интернет.

Фудбалерот кој е позитивен на коронавирус, не можеше да настапи во мечот против Барселона во Лига на шампиони. Неговиот втор ПЦР тест, кој го направи пред мечот со шпанскиот тим, се покажа позитивен. Поради тоа, најдобрриот светски фудбалер, реагираше бурно на интернет.

На Португалецот тешко му падна изолацијата во која се наоѓа, затоа што двапати на тестот беше позитивен на Ковид-19. Тој не можеше да им помогне на своите соиграчи во дуелот против каталонскиот тим, кој го изгубија со 2:0 во Торино.

Неговиот коментар наиде на остри реакции од медицинската струка.

„Добредојде колега Кристијано Роналдо во нашата група на виролози. Добро ќе ни дојдеш во наредниот меч против офалмолозите“, му порача еден од главните специјлисти во Италија, Роберто Буриони.

Роналдо поради коровирусот пропушти четири меча со Јувентус. По две во Лига на шампиони и во Серија А. „Старата дама“ во тие меча запиша само една победа, две реми и еден пораз.

 

 

Share
Scroll to Top