Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо, вели дека Португалија не смее да ја потцени Македонија пред натпреварот во вторник. Иако Македонија, исто како со Италија се смета за аутсајдер, фудбалерот на Манчестер вели дека ништо не се знае однапред.
„Го направивме првиот чекор кон СП 2022. Но, сè уште ништо не е постигнато, ништо не е остварено. Мора да продолжиме со цел фокус на следниот натпревар. Ја почитуваме Македонија, но секогаш постои верба во нашите способности. Напред Португалија, одиме во Катар“, рече Роналдо.
Натпреварот Португалија Македонија ќе се игра на 29 март во Порто, од 20:45 часот.