Роналдо ќе стане најплатен фудбалер во светот

Роналдо ќе стане најплатен фудбалер во светот

пред 1 година

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е пред трансфер во клубот „Ал-Наср“ и е на добар пат да стане најплатениот фудбалер во светот, пренесе „Марка“. Како што пренесува весникот, Португалецот од први јануари ќе заигра во Саудиска Арабија, каде ќе заработува по 200 милиони евра во една сезона.

dobivaj vesti na viber

Откако не најдоа заеднички јазик со управата на Манчестер јунајтед и тренерот Тен Хаг, Роналдо даде интервју во кое отворено зборуваше за проблемите кои ги има во клубот. Затоа му го прекинаа договорот и сега стана слободен агент. На Блискиот Исток ќе дојде како голема фудбалска ѕвезда.

За потсетување, Ал Наср по осум кола во Премиер лигата на Саудиска Арабија е второпласиран и има три бода помалку од Ал Шабаб.

Share
Scroll to Top