post-image

Роџер Федерер и Мирка Вавринец: Таа секогаш беше позрела од мене

пред 2 години

Не перстануваат емотивни приказни за Роџер Федерер, кој завчера во Лондон го играше последниот меч и се панзионира. На трибините беше и неговата Мирка. Федерер  ретко открива интимни детали за својот живот сепак неодамна реши да прозбори за својата сопруга Мирка. Тој и Мирка Вавринец се скоро 24 години заедно.

Во неговото најново интервју за Le Figaro, славниот тенисер призна дека Мирка отсекогаш му била огромна поддршка во неговиот живот.

„Многу ми е битна во животот, многу научив од неа“ – изјавил  слевниот тенисер. Федерер (41) и Мирка (44) се запознале за време на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година каде што и двајцата биле натпреварувачи. Тој вели дека тоа што таа е три години постара од него било само подобрата работа во нивната љубов.

„Општо познато е дека жените на почетокот на врската побрзо созреваат од нас мажите, а таа веќе беше 3 години постара од мене. Знаеме дека момче од 18 и девојка од 18 години не се исти, мажите созреваат подоцна“, вели тенисерот кој по паузата од 4 години се врати на Ролан Гарос.

Оттогаш двајцата станале неразделни. Мирка е родена во Словачка, а емигрирала во Швајцарија кога имала само 2 години, се натпреварувала на четири Гренд Слем турнири и успеала да дојде до 76-тото место на светската ранг-листа, но една година по Олимпијадата во Сиднеј решила да се повлече од тенисот и да се фокусира на претстојната блескава кариера на своето момче.

Од тогаш, Мирка е одговорна за сите прашања поврзани со односите со јавноста и соработката на Федерер со медиумите.

„Таа е многу строга, но мошне професионална. Импресивно!“ – додал Федерер објаснувајќи ја улогата која ја стекнала неговата сопруга во текот на неговата професионална кариера.

„Секогаш била тука за мене. Ми помогна во сè што можеше и без неа ништо не би било лесно за мене“.

Федерер инсистира дека дел од неговиот успех се должи на неа и семејството кое го формирале заедно.

„Сонувавме да имаме таква врска, особено со четири деца сега“.

Тенискиот тандем се венчаше во 2009 година, а имаат 4 деца, односно два пара близнаци. На прашањето дали децата ќе ги следат нивните стапки, Федерер вели ќе ги поддржи во одлуките коишто ги носат. И дова дека нема да ги притиска да бидат спортисти, ако не сакаат.

„Што и да изберат, ние ќе ги поддржуваме. Би било интересно затоа што јас и мојата сопруга сме упатени во спортот, но нема да ги присилуваме во тој правец. Им даваме можност, но тоа не е приоритет. За нас е важно тие да бидат добри граѓани, добри луѓе“, раскажува тенисерот.

Share
Scroll to Top