Рудар кој барал злато откопал мумифициран мамут стар над 30.000 години

Рудар кој барал злато откопал мумифициран мамут стар над 30.000 години

пред 2 години

Рудар во северна Канада додека барал злато, откопал мумифициран мамут, за кој локалните палеонтолози сметаат дека е постар од 30.000 години. Тие го опишаа пронајдокот како „неверојатно животно од леденото доба“, пренесе „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

„Мамутот е совршен, има сурла, мали уши. Се работи за најважното палеонтолошко откритие во Северна Америка“ вели Грант Зазула.

Мамутот на поголемиот дел од телото ја има зачувано кожата и влакната. Познавачите велат дека имал околу еден месец кога угинал. Долг е околу 140 сантиметри.

Геолозите пронашле и парче трева во стомакот на мамутот, што укажува на тоа дека ова младенче последните моменти од животот ги поминало на пасиште. Неговото тело е добро зачувано затоа што, најверојатно останал заробен во мочуриште пред да смрзне.

Share
Scroll to Top