Рудолф Џулијани за изборите во САД: Можеби гласале Марсовци или мртвите

Рудолф Џулијани за изборите во САД: Можеби гласале Марсовци или мртвите

пред 4 години

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во Пенсилванија го испрати својот личен адвокат Рудолф Џулијани, за да поднесе тужба за прекин на броењето на гласовите, затоа што разликата меѓу него и Бајден нагло се намали.

Џулијани одржа конференција за новинарите во Филаделфија, на која без изнесување докази, говореше за изборна кражба.

„Избирачките ливчиња испратени преку пошта може да бидат од Марс, што се однесува до нас. Бајден можеби за себе има гласано 5.000 пати, можеби гласале и мртвите или тие гласови  стигнале од Канада“, изјавил Џулијани.

Бизарен бил делот кога Нил Кавуто, новинарот од „Фокс њуз“, го прекинал Џулијани и му кажал дека Бајден победил во Мичиген.

„Мислите дека ние сме будали“, прашал јавно Џулијани.

Share
Scroll to Top