Нивото на крвниот притисок се менува со текот на возраста. Параметрите нема да бидат исти за некој кој има 30 и за некој кој има 60 години.
Кога е во нормални граници, тој укажува дека состојбата на организмот е задоволителна и дека срцето работи нормално.
Нивото на крвниот притисок зависи од јачината и брзината на срцевите контракции и количината на крв којашто овој орган може да ја испумпа за 1 минута. Исто така важни се својствата на самата крв и отпорноста на васкуларните ѕидови.
Нарушеното ниво може да доведе до разни проблеми, па затоа треба да се земе предвид.
Познатиот руски лекар Александар Шишонин објаснува дека параметрите како полот и возраста одредуваат кое е нормалното ниво на крвниот притисок.
Табела за мажи:
- За 20-годишник, нормалните вредности се 123/76
- До 30 години нормално е нивото да биде 126/79
- Помеѓу 30 и 40 е 129/81
- Помеѓу 40 и 50 е 135/83
- Помеѓу 50 и 60 е 142/85
- По 70 142/80
Табела за жени:
- За 20-годишник, нормалните вредности се 116/72
- До 30 години нормално е нивото да биде 120/75
- Помеѓу 30 и 40 е 127/80
- Помеѓу 40 и 50 е 137/84
- Помеѓу 50 и 60 е 144/85
- По 70 159/85 г