Руски доктор го открива нормалното ниво на крвен притисок според возраста и полот

Руски доктор го открива нормалното ниво на крвен притисок според возраста и полот

пред 2 години

Нивото на крвниот притисок се менува со текот на возраста. Параметрите нема да бидат исти за некој кој има 30 и за некој кој има 60 години.

Кога е во нормални граници, тој укажува дека состојбата на организмот е задоволителна и дека срцето работи нормално.

Нивото на крвниот притисок зависи од јачината и брзината на срцевите контракции и количината на крв којашто овој орган може да ја испумпа за 1 минута. Исто така важни се својствата на самата крв и отпорноста на васкуларните ѕидови.

Нарушеното ниво може да доведе до разни проблеми, па затоа треба да се земе предвид.

Познатиот руски лекар Александар Шишонин објаснува дека параметрите како полот и возраста одредуваат кое е нормалното ниво на крвниот притисок.

Табела за мажи:

  • За 20-годишник, нормалните вредности се 123/76
  • До 30 години нормално е нивото да биде 126/79
  • Помеѓу 30 и 40 е 129/81
  • Помеѓу 40 и 50 е 135/83
  • Помеѓу 50 и 60 е 142/85
  • По 70 142/80

Табела за жени:

  • За 20-годишник, нормалните вредности се 116/72
  • До 30 години нормално е нивото да биде 120/75
  • Помеѓу 30 и 40 е 127/80
  • Помеѓу 40 и 50 е 137/84
  • Помеѓу 50 и 60 е 144/85
  • По 70 159/85 г

Share
Scroll to Top