Руски рапер се самоуби, откако оставил порака дека не сака да убива луѓе

Руски рапер се самоуби, откако оставил порака дека не сака да убива луѓе

пред 2 години

Рускиот рапер Иван Виталиевич Петунин, чие уметничко име е Воки, се самоубил поради регрутирањето што го најавил рускиот претседател Владимир Путин, пренесуваат странските медиуми.

Телото на раперот било пронајдено во близина на зграда откако 27-годишниот музичар снимил видео порака објавена на неговиот канал Телеграм. Во пораката тој наведува дека не сака да убива луѓе за никакви идеали.

Раперот порано во животот служел во руската војска и бил лекуван во душевна болница, а видео пораката што ја оставил на своите следбеници е вознемирувачка.

„Ако го гледате ова видео, јас веќе не сум жив. Не можам да го поднесам гревот на убиството на мојата душа и не сакам да го сторам тоа. Не сум подготвен да убивам за никакви идеали”, рекол тој.

Да потсетиме, Владимир Путин речиси најави делумна мобилизација на резервистите во војната против Украина, по што околу 200.000 руски граѓани ја напуштија земјата.

Share
Scroll to Top