Руски хакери украле нацрти од ракетите на Маск, му дале ултиматум до 20 март да им ги исполни барањата

Руски хакери украле нацрти од ракетите на Маск, му дале ултиматум до 20 март да им ги исполни барањата

пред 2 години

Компанијата на Илон Маск „Сејс Икс“ е најнова жртва на хакерската група LockBit. Наводно му урале 3000 ракетни нацрти и му се заканиле дека ќе му ја откријат најголемата трговска тајна, дизајнот на ракетите.

Хакерите тврдат дека успешно ги пробиле серверите на Maximum Indistries, кои се производители на ракетните делови за неговата компанија. Оттаму укралее 3000 нацрти, според веб-страната на групата.

Групата LockBit, за која се сомнева дека е од Русија, на нејзината веб-страна на дарк-веб, објави дека наскоро ќе ги стави на продажба овие нацрти.

„Би биле посреќни доколку изведувачите на „Спејс-икс“ беа позборливи, но не се сомневаме дека овој материјал многу брзо ќе најде купувач“, се вели во пораката на веб-страницата на хакерот, која е малку збунувачки напишана на англиски јазик.

Оттаму му се заканиле директно Маск.

„Илон, ќе ви помогнеме да ги продадете вашите планови на други производители, да го изградите вашето вселенско летало побрзо и да одлетате. И сега бројките. Имаме околу 3.000 нацрти потврдени од инженерите на компанијата. Ќе ја започнеме аукцијата следната недела“, се вели во предупредувањето.

Групата сака Маск да им плати за да не ги објават плановите, а рокот за плаќање е 20 март. Сепак, иако можеби не зборуваат течно во англиската комуникација, тоа не значи дека овие хакери не се опасни.

Годинава ги украдоа податоците на британската поштенска компанија Royal Mail, барајќи откуп од 80 милиони долари во биткоини. Компанијата одби да плати, нарекувајќи ги барањата смешни, а групата одговори со објавување на податоците, заедно со копија од преговорите што ги имаа со Royal Mail.

Share
Scroll to Top