Руслана, Ед Ширан, Стинг денес ќе пеат за „Спас на Украина“, концертот ќе се пренесува и на плоштадот во Скопје

Руслана, Ед Ширан, Стинг денес ќе пеат за „Спас на Украина“, концертот ќе се пренесува и на плоштадот во Скопје

пред 2 години

Денеска во 17:30 часот ќе почне концертот „Спас за Украина“ на кој ќе настапат светски и украински музички ѕвезди. Концертот во вид на телемаратон ќе се пренесува на видеобим на плоштадот во Скопје.

На концертот, ќе пеат украинските пејачки Џамала и Руслана, а од светските ѕвезди ќе настапат: Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, групата „Ју ту“, Мадона, Имани, „Имеџин Драгонс“, Елтон Џон и многу други, открија од украинската амбасада во Македонија и ги повикаа граѓаните да дојдат на плоштадот за да уживаат во концертот и да ѝ дадат поддршка на земјата.

„На 27 март во 17:30 часот по македонско време, ќе почне светски онлајн телемаратон за поддршка на земјата под слоганот ‘Спас за Украина’. Ги покануваме сите што ја поддржуваат во оваа праведна борба Украина за својата земја, да дојдат“, пишува во поканата од амбасадата.

Share
Scroll to Top