Саем за образование и кариера на 27 и 28 февруари во Скопје

Саем за образование и кариера на 27 и 28 февруари во Скопје

пред 7 часа

Третото издание на Саемот за образование и кариера 2026 ќе се одржи на 27 и 28 февруари во Скопје Сити Мол.

Саемот е во организација на Студентарија – најголемата студентска и младинска информативна платформа во земјата и Скопје Сити Мол, и претставува централен национален настан што ги поврзува младите со образовните институции и компаниите, на начин што е модерен, практичен и близок до новите генерации.

Настанот е наменет, пред сè, за матуранти кои се во процес на избор на факултет, но и за студенти кои размислуваат за продолжување на студии, специјализација, преквалификација или бараат пракса и можности за вработување.

Оваа година учество ќе земат 12 универзитети со над 100 факултети, академии за современи и дигитални вештини, како и бројни компании кои ќе понудат информации за пракса, работа и кариерен развој. Дел од програмата ќе бидат и панел-дискусии, работилници за кариерно советување, како и Родителско катче наменето за родители и старатели.

Регистрацијата за посетители е бесплатна и е во тек.

Официјалната програма на Саемот ќе трае од 11:00 до 16:00 часот, двата дена.

Share
Scroll to Top