Салма Хајек во необична креација привлече внимание во Франција, позира со својот сопруг

Салма Хајек во необична креација привлече внимание во Франција, позира со својот сопруг

пред 6 месеци

Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино присуствуваа на вечерата што ја приреди Емануел Макрон во чест на посетата на Џо Бајден.

57-годишната актерка за оваа пригода носеше креација со тантела. Комбинацијата ја комплетира со црна чанта и црвен кармин. Таа спремно им позира на фотографите со својот сопруг.

Покрај Салма и Франсоа, меѓу познатите гости беа и модниот дизајнер Фарел Вилијамс, актерката Беренис Бежо и Џон Мекинро со сопругата Пети Смит.

Инаку, Салма Хајек е 15 години во среќен брак со Франсоа-Анри Пино. По повод нивната 15-годишнина, актерката на „Инстаграм“ објави досега невидени фотографии од венчавката во април 2009 година, која се одржа во Венеција.

„Нема зборови со кои може да се опише благословот да се најде сродна душа. Оние од вас што ја нашле својата сродна душа, никогаш не земајте го здраво за готово. Оние што не сте, никогаш не откажувајте се. Сеќавајќи се на еден од најдобрите денови во животот“, напиша таа во описот.

Share
Scroll to Top