Сана Марин е негативна на наркотици, финската премиерка ги објави резултатите од тестот неколку дена по журката

Сана Марин е негативна на наркотици, финската премиерка ги објави резултатите од тестот неколку дена по журката

пред 2 години

Финската премиерка Сана Марин била негативна на наркотици, пренесоа финските медиуми. Марин ги објави резултатите од тестот кој го направила неколку дена откако била видена и снимена на приватна журка.

dobivaj vesti na viber

Видеото за кратко време се рашири на интернет, а Марин се најде на мета на критики. Одговори дека има право да прави што сака и да ужива во слободното време.

„Нема што да кријам, не се дрогирав“, рече Маринова.

Иако пиела алкохол на забавата, рече дека не се дрогирала. Рече дека слободното време го минува исто како и нејзините врсници и додаде дека сака луѓето ќе ја прифатат таква каква што е.

„Дури и во моите тинејџерски години не земав дроги“, им рече Марин на финските новинари.

За потсетување една од најмладите премиерки претходно била видена на музички фестивал, а минатата година се извини затоа што отишла во клуб каде била во контакт со лице кое било заразено со ковид 19.

 

 

 

Share
Scroll to Top