Сандра Булок користи бизарен третман за лице за помлад изглед

Сандра Булок користи бизарен третман за лице за помлад изглед

пред 1 година

Холивудската актерка Сандра Булок во март минатата година изјави дека го напушта актерството. По кариера од 30 години, таа реши да се посвети на себе и на приватниот живот. Оскаровката оваа година полни 59 години.

Таа постојано истакнуваше дека има добра генетика, но и дека направила мали естетски корекции кој ја зачувале нејзината природна убавината.

Во последните години таа се одлучила за третмани за лице кои не се екстремни, односно не вклучуваат ласери и слични третмани. Сандра во емисијата со Елен Деџенерис изјави дека редовно оди на третман наречен EGF – епидермален фактор на раст или „Пенис фациал“.

Епидермалниот фактор на раст се наоѓа во нашата кожа, а како што старееме го губиме и поради тоа нашата кожа ја губи својата еластичност. Кремот со EGF се нанесува на лицето, а потоа дерматолошкиот третман на иглите помага колагенот и хранливите материи да навлезат што подлабоко. Овој третман помага во подмладување на кожа, но и во отстранување на флеките, карактеристични за годините.

Бидејќи за овој третман потребна е млада кожа, лекарите користеле матични клетки земени од фрлена обрежана кожана новороденчиња во Кореја.

 

 

Share
Scroll to Top