Санта лед со површина поголема од подрачјето на Лондон, се отцепила од Антарктикот и се оддалечила 20 километри од британската истражувачка опсерваторија на Јужниот пол. Вкупната површина на сантата изнесува 1270 квадратни километри, а дебелината и е 150 метри.
„Времето ќе покаже дали ова одвојување на сантата во наредните денови или недели ќе покрене понатамошно отцепување на ледениот покривач“, изјавил Адријан Лакман, професор по геологија на Универзитетот Свонси, пренесува „Гардијан“.