Сара Мејс повторно е бремена, а се пофали и со слика од ултразвукот

Сара Мејс повторно е бремена, а се пофали и со слика од ултразвукот

пред 2 години

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, ќе станат родители. Сара објави фотка од ултразвукот и се пофали дека чекаат второ бебе. Таа не ја криеше среќата. Вели, ако ги бројат и нивните два миленици, тогаш наскоро дома ќе имаат четири деца.

„Бебе број два. Ако ги броиме и Атос и Бела со Димитар, а треба, е тогаш е број четири“, напиша Сара на Инстаграм.

Двојката доби многу честитки од пријателите, а меѓу оние кои им честитаа се и пејачките Викторија Лоба, Тамара Тодевска и Јана Бурческа.

Сара и Димитар веќе ја имаат ќерката Илина, која има три години. Тие се во брак од 2017 година.

Share
Scroll to Top