Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер во неодамнешно интервју со Хауард Стерн објасни зошто одбила да снима секси сцени во серијата. Таа откри дека на почетокот се двоумела дали да го потпише договорот бидејќи не сакала да снима голи сцени.
„Мислев дека сценариото е навистина интересно, возбудливо, различно и свежо и никогаш не сум видела такво нешто. Мојата единствена грижа беше што едноставно не се чувствував удобно гола и се сомневав дека ќе биде дел од серијата иако не беше во пилотот“, рекла таа.
Џесика потоа изјавила дека креаторот на серијата Дарен Стар и рекол: „Тогаш немој да го правиш тоа. Ќе имаме други актери, ако им е удобно да го прават тоа, тие ќе го направат, но ти не мораш“.
„Мислам дека никогаш не сум се чувствувала поудобно. Никогаш не сум осудила некој што го прави тоа. Но не беше прашање на морал“, рекла таа и појаснила дека не сака да снима такви сцени бидејќи е срамежлива.