Сардели, важен симбол во куќата

Сардели, важен симбол во куќата

пред 9 месеци

Секое цвеќе си има посебна симболика, а сарделите дефинитивно се симбол за радост и убавина.

Се верува дека црвената сардела привлекува добра енергија во домот и убави вести, додека розовата е магнет за хармонични односи во домот и романтична среќа.

За напредок на работа, во просторијата за работа или канцеларијата ставете црвена сардела. Се верува дека привлекува потенцијал, моќ на истакнување и напредок.

Виолетовата сардела е симбол за богатство, добро здравје и пари и се препорачува да ја чувате на прозорецот или на балконот во трпезаријата.

Сарделите сакаат светлост и утринско сонце, но не и директни сончеви зраци во текот на целиот ден.

Се негува на температура од 10 до 27 степени Целзиусови, а во текот на летните горештини потребно е да навечер да ги „истуширате“. Полевањето мора да биде редовно, но умерено.

Сарделите цветаат кон крајот на пролета, преку летото, а понекогаш дури и наесен ако ноќите се топли и пријатни.

Share
Scroll to Top