Познатиот кардиолог Сашко Кедев na 22 јули беше дел од експедицијата која го искачи најсмртоносниот врв на светот К2, кој се наоѓа во Пакистан.
Групата од 24 алпинисти ја предводеле врвните шерпаси и лидерот Мингма Џи, кому ова му било четврто искачување на К2. Сите алпинисти успеале да се искачат на 8.611 метри, колку што е висок К2. Тој е втор највисок врв на светот по Монт Еверест (8.848).
К2 претходно го искачи и Здравко Дејановиќ од Скопје.
Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва повисоки од 8.000 метри. Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок врв на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.