Сашко Коцев објави видео и покажа како звучи „Зоки Поки“ на шведски

Сашко Коцев објави видео и покажа како звучи „Зоки Поки“ на шведски

пред 4 години

Актерот Сашко Коцев, кој го глуми таткото на Зоки Поки во истоимената детска серија, објави видео и покажа како звучи со натсинхронизација на шведски јазик. Серијата која е работена според романот на писателката Оливера Николова, се прикажуваше во 2020 година, а потоа ја откупија неколку скандинавски и балкански телевизии. И покрај успехот на „Зоки Поки“, се снимија само десет епизоди од серијата.

dobivaj vesti na viber

„Се надевам на нова сезона“, вели Сашко, кој го објави видеото на Фејсбук. Поддршка доби од пријателите и следбениците, кои му одговорија дека ова е еден од најубавите детски проекти снимени кај нас.

„Зоки Поки” е првата македонска серија и воопшто програма од овие простори што некогаш се емитувала на шведска телевизија. Главните улоги во серијата ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки, а починатата актерка Сабина Ајрула-Тозија ја имаше улогата на неговата баба.

 

 

 

Share
Scroll to Top