Актерките Сања Арсовска и Ивана Павлаковиќ за најмладата публика веројатно секогаш ќе бидат Лина и Марија, ликовите од познатата детска серија „Пет плус фамилија“. Да се биде детски идол е убаво чувство, велат актерките, но и голема одговорност, воопшто и за нив како глумици и за ликовите кои ги играат. Неодамна пак, двете актерки, кој и приватно многу се дружат го отворија нивното заедничко драмско студио „Арт бригада“. Велат дека на оваа идеја се особено горди затоа што е ова е вистински начин да направат нешто повеќе за децата и за нивното неформално и уметничко образование.
„Едно јануарско утро додека седнавме и пиевме чај размислувавме што можеме ние да направиме заеднички, а тоа да биде од корист. Се решивме за драмското студио на кое сме многу горди. И еве за скоро два месеци имаме две групи деца. И убаво е кога гледаме дека правиме нешто корисно. Деновите таму со децата поминуваа лудо, интересно, оти тие се мали, ама многу бистри и со големи умови“, раскажуваат актерките.
Пријателството меѓу Сања и Ивана почнало уште во студентките денови на ФДУ. Сања вели: Во тоа време кога бевме помлади, бевме и со повеќе килограми, колегите на факултет ми велеа, ’личиш со една девојка тука што студира‘. Поттикната од тоа отидов да го гледам испитот на Ивана, раскажува Сања Арсовска, на што Ивана се наполнува: ’Јас пак ја памтам Сања, исто на студии, на пауза некоја, од никаде се појави со косата долга, извади една огромна јаболка, јаде, пафта со раце зборува, се во исто време … Кликавме на прва.
Во разговорот за Репортер ни открија дека на одмори одат заедно, особено кога сакаат да одморат од се. Велат: Кога се ќе ни збоктиса, од се, одиме сами без партнери на одмор. И супер ни е, нема кој да не нервира.
Сања е во брак со Никола и го имаат синот Марко, Ивана пак е во љубовна врска со Мирко. И двете велат дека никогаш немале проблем со партнерите во однос на професијата. „Кога станува збор за глумата, играње на послободна сцена, или кога треба да се разголиш затоа што улогата е таква, секогаш ја имаме поддршката. Тоа е најважно од се, кога си со некој човек во љубов и кој те разбира“, велат актерките.
Сања е вработена во Драмски, Ивана за жал сè уште не, но и покрај тоа таа не се откажува од целта дека таа и нејзините исто така невработени колеги, треба да се дел од театрите во Македонија. Со Ивана и Сања, за нивното пријателство, драмското студио, за она што ги поврзува, колку се слични, а колку различни … гледајте го интревјуто.
Александра Георгиев