Свадба во Белата куќа, Џо Бајден ќе ја мажи внуката

Свадба во Белата куќа, Џо Бајден ќе ја мажи внуката

пред 2 години

Се е подготвено за раскошна венчавка во американската Бела куќа. Внуката на претседателот Џо Бајден, Наоми Бајден и нејзиниот избраник Питер Нил ќе се венчаат овој викенд во градината на Белата куќа, со што ќе се одбележи 19-та свадбена церемонија во историјата на оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Наоми (28) и Нил (25) се запознале пред околу четири години преку заеднички пријател во Њујорк, а Белата куќа соопшти дека оттогаш се заедно. Наоми Бајден по професија е адвокат, а нејзиниот татко е Хантер Бајден, познат по низата скандали и недолично однесување.

Сопругот на Наоми, Нил неодамна дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Пенсилванија. Двојката живее во Вашингтон.

Share
Scroll to Top