Свадба со плишани мечиња наместо младенци: Скопски ресторан внесе малку хумор во ова тмурно време

Свадба со плишани мечиња наместо младенци: Скопски ресторан внесе малку хумор во ова тмурно време

пред 3 години

Свадба со плишани мечиња, затоа што нема младенци, е една супер идеја на скопскиот ресторан „Аликас“, кои во ова време на корона решија со малку хумор да го освежат тмурното секојдневие. „Затоа направивме фотосесија со овие прекрасни мечиња, за да ве потсетиме на времињата кога сите заедно ги прославувавме вашите најсреќни моменти“.

„Иако цела година ни е празна салата, денес решивме да ја наполниме и да ги стоплиме срцата. Сакавме да испратиме апел за младенците дека остана уште малку време пред повторно да се гушкаат со своите најмили“, велат од ресторанот „Аликас“. Оваа идеја е загревање пред свадбите кои допрва доаѓаат.

 

 

Share
Scroll to Top