Свекрвата да е на 100 метри од снаата, забрането оговарање фризури и присилно викање на оро: Новиот протокол за свадби хит на интернет

Свекрвата да е на 100 метри од снаата, забрането оговарање фризури и присилно викање на оро: Новиот протокол за свадби хит на интернет

пред 4 години

„Забрането е инсајдерско прибирање информации за сватовите; свекрвата и снаата да се задолжително и во секој момент на дистанца од 100 метри“ се само дел од правилата во новиот протокол за свадби што деновиве се споделува на интернет. Шегата оди дотаму што се забранува „тегнење и групирање кога се фрла бидермаерот, а на немажените и неженетите не смее да им се каже ‘ај па и на твоја глава’“.

Листата со овие шеговити правила се споделува на социјалните мрежи, откако пред неколку дена Министерството за здравство и комисијата за заразни болести дозволија да се прават свадби на отворено, со гости и музика. Според протоколот на Министерството, се забранува играње оро, бацување и гушкање меѓу гостите, задолжително ќе се мери температура на влезот, а на свадбата не смее да има повеќе од 100 гости.

Share
Scroll to Top