Светската гитаристка Ана Поповиќ доаѓа во Скопје, концерт на 29 октомври

Светската гитаристка Ана Поповиќ доаѓа во Скопје, концерт на 29 октомври

пред 7 месеци

Најнаградуваната светска гитаристка Ана Поповиќ и нејзиниот бенд, во склоп на големата светска турнеја, на 29. октомври ќе одржи концерт во Македонска Филхармонија. Настанот ќе биде од регионален карактер, поради фактот што концертот во Македонија ќе биде единствен во регионот за целата турнеја.

На оваа турнеја Ана Поповиќ го промовира нејзиниот најнов албум „Power“ кој веднаш по излегувањето го достигна првото место на „US Billboard Chart“ за најпродавани албуми на национално ниво.

Многубројните награди и признанија од највисоките рангови на музичката индустрија, вклучувајќи 8 Блуз Музички Награди, се доказ за нејзината 25 годишна кариера и посветеност на музиката.

Ана Поповиќ со текот на годините се покажа како динамичен и посветен изведувач и текстописец, кој заедно со својот бенд ја има споделувано сцената со врвни артисти како (B. B. King, Gary Clark Jr., Jeff Beck, Joe Bonamassa), и многу други.

Настанот е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година.

Share
Scroll to Top