Светски познатиот рок-гитарист Стив Вај првпат ќе одржи концерт во Скопје

Светски познатиот рок-гитарист Стив Вај првпат ќе одржи концерт во Скопје

пред 1 година

Еден од најдобрите светки рок-гитаристи, Стив Вај, на 26 април ќе одржи концерт во СРЦ Кале. Ова е прв настап на легендарниот музичар пред македонската публика.

„Вај ќе го направи најспектакуларното рок-шоу оваа година во Македонија. Легендарниот американски гитарски херој е дел од листата на 10. најдобри гитаристи на сите времиња. Тој свирел и бил дел од студиските албуми на Френк Запа, Моторхед, Дејвид Ло Рот, Вајтснејк и други“, вели организаторот „Авалон продукција“.

Во својата кариера Вај сними осум албуми и освои три Греми награди. Во Скопје ќе го промовира неговиот актуелен албум, Inviolate, кој лани се најде на врвот на листата Hard Rock Albums.

Билетите за концертот на Вај ќе бидат пуштени во продажба на 20 јануари и ќе чинат 1.500 денари за партер, 2.000 денари за трибини и 3.000 денари за ВИП влезници.

Share
Scroll to Top