Свештеникот Матиа Барнаскони (36), од надбискупијата во Милано, одржа миса среде море. Душекот му послужил како олтар. Поради тоа тој сега е под истрага на италијанските власти.
Бернаскони рече дека сакал да одржи неделна миса меѓу дрвата на плажата во Кротне во јужна Италија, каде помагал во летен камп за средношколци.
Но, не успеал да најде сенка за да се заштити од топлото време, па едно од семејствата кое ги затекнал таму му го дала душекот на дување за да одржи миса во морето. Од локалната црквена заедница го осудиле.
„За време на празници, одмор и во исклучителни случаи, може да се изведе миса надвор од црквата. Но, тоа треба да биде примерно и на места каде е можно достоинствено да се обратите кон светот“, рече челникот на црквата во Кротоне, пренесе „Гардијан“.
Бернаскони се бранел и им се извинил на сите кои се почувствувале навредени. Додаде дека неговото однесување можеби било непромислено и додаде дека повеќе нема да му се повтори.
„Апсолутно немав намера да ја тривијализирам еухаристијата. Тоа едноставно беше миса на крајот на работната недела. Но, симболиката е силна, тоа е вистината и говори сама за себе, понекогаш поинаку од што ние ја разбираме. Беше наивно од моја страна што не обрнав внимание на ситуацијата“, рече свештеникот, кој сега е под истрага за прекршување на религиската исповед.