Свинско со вргањ - Reporter.mk

Свинско со вргањ – Reporter.mk

пред 3 години

Потребно:
800 гр свинско филе
50-60 гр суви вргањи
малку бело брашно
1 главица кромид
2 чешниња лук
50 мл бело вино
50 гр сланина
1 кафена лажичка Зачинал
малку сол
малку црн пипер
1 супена лажица свеж магдонос
1/2 кафена лажичка мајчина душичка
масло за готвење
неколку ловорови ливчиња
Подготовка :
1.Налејте ги печурките со топлата вода и оставете ги да постојат 10-15 минути (не ја фрлајте водата откако ќе ги извадите).
2.Свинското месо исечете го на плочки (дебели околу 8 мм), потоа малку удрете ги плочките со чекан за месо и провалјкајте ги во брашното.
3.Ставете ги да се запржат во загреано масло (колку да фатат боја), а потоа извадете ги од тавчето и оставете ги на топло.
4.Во истото масло каде што се пржеше месото, додадете го ситно исечканиот кромид и сланината исечкана на тенки ленти или коцки и запржете ги заедно.
5.Кога ќе се запржи сланината, додадете го ситно исечканиот или истолчен лук и вргањите, залејте со водата во која се киснеа печурките и оставете да се динста околу 10-15 минути.
6.Вратете го месото во тавчето, додадете го виното, сол, црн пипер, зачинал, а по потреба и уште малку вода (скоро да го покрие месото) и динстајте на умерена температура околу 25-30 минути.
7.По желба можете да додадете малку павлака за готвење за да се згусне сосот. Ставете ја павлаката, промешајте и почекајте минута-две сосот да почне да врие, а потоа тргнете го тавчето настрана.
8.Додадете го магдоносот, мајчината душичка или други зачини по желба и промешајте.
9.Послужете во комбинација со њоки или пире, и декорирајте со по едно ливче од ловор.

Share
Scroll to Top