Северина едвај го убедила Игор да се разведат: Мора да прифатиш дека е крај

Северина едвај го убедила Игор да се разведат: Мора да прифатиш дека е крај

пред 3 години

Откако Северина и Игор Којиќ се разведоа, во јавноста се појавија детали за нивната разделба и периодот пред разводот. Блиски пријатели на парот велат дека Северина едвај го убедила да се разведат, бидејќи Игор не сакал да потпише спогодбен развод и се надевал дека ќе најдат начин да го спасат бракот.

„Игор мислеше дека ќе се смират, па на почетокот одбиваше да ги потпише документите. Но Северина успеа да го смири и да го убеди дека тоа е најдобро за двајцата“, рекла пријателка на хрватската пејачка за медиумите.

„Знам дека таа му рече дека во името на големата љубов што го одбележа нивниот брак, нема потреба тие да се караат и да се развлекуваат на суд. Таа го потсети низ што поминала со бившиот и му кажа дека сè што имале низ годините не заслужува да биде сквернавено. Го замоли и да не ѝ пречи, бидејќи страдаше многу откако го изгуби старателството над синот. Му објасни дека мора да прифати дека е крај, а му кажа и дека секогаш ќе го носи во срцето оти го одбележа нејзиниот живот на прекрасен начин. На крајот, Игор попушти и ги потпиша документите. Тој е навистина прекрасно момче и остана со неа до крај“, додала пријателката на Северина.

Северина и Игор официјално се разведоа пред две недели. Претходно, една година се пишуваше дека тие веќе не се заедно и дека пејачката се преселила во Загреб, а Игор останал да живее во Белград.

Share
Scroll to Top