Северина и Јелена Розга настапуваат со исти штикли од популарниот дизајнер Џанвито Роси

Северина и Јелена Розга настапуваат со исти штикли од популарниот дизајнер Џанвито Роси

пред 1 година

Северина е една од познатите дами која навистина има фантастични потпетици во својата колекција. Истото важи и за Јелена Розга, а двете хрватски музички ѕвезди ги поврзува љубовта кон познат модел на штикли.

На неколку концерти од овогодинешната летна турнеја, Северина настапи во бели сандали на популарниот дизајнер Џанвито Роси, слични на оние што ги носеше Јелена Розга во различни пригоди.

Ако некој знае да прави чевли, тоа е Џанвито Роси, синот на легендарниот италијански чевлар Серџо Роси, кој занаетот го научил од својот татко. Џанвито со години работеше за брендот на неговиот татко, а кога го купи концернот Керинг во 2005 година, тој одлучи да стане независен. И не зажали.

Неговата дизајнерска филозофија е многу едноставна. Според неговите зборови, тој секогаш се труди да произведе оригинален и модерен чевел, но во исто време безвременски. Посебно се фокусира на удобноста, што често не е приоритет за трендовските модели на обувки.

Луѓето не плаќаат за да страдаат. Ако нешто не е удобно, тогаш тоа воопшто не е луксуз, смета Џанвито.

Можеби токму тоа е тајната на неговиот успех и популарноста на неговите модели, меѓу кои еден од најбараните е „Портофиното“ кои ги носеа Северина и Јелена.

Овој модел на сандали со отворен преден дел, со ремен доаѓа во три варијанти кога станува збор за висината на потпетицата, а висината се гледа по бројот до името на сандалата – 70, 85 и 105. Северина и Јелена сами ја избраа варијантата со највисока потпетица, онаа од 105 милиметри. Сандалите се достапни во различни бои и се направени од брусена и мазна кожа.

Share
Scroll to Top