Северина најави концерт во Скопје за следната година

Северина најави концерт во Скопје за следната година

пред 6 месеци

Една од најпопуларните хрватски и регионални музички ѕвезди, Северина ќе одржи концерт во Скопје на 30-ти март, следната година.

Северина е најголемата регионална ѕвезда, кралица на сцената која со нејзините настапи веќе долги години ги поместува границите и ги диктира трендовите. Секој нејзин чекор бурно се следи, а изминатиот период е во центарот на вниманието, откако на публиката и го претстави својот нов албум под наслов „Sorry“. Всушност ова е првиот дел од албумот, наречен “Страна А“, а вториот дел од албумот, односно “Страна Б“, ќе биде објавен оваа есен/зима, каде што ќе започне и нејзината турнеја.

Oва е нејзина петта регионална турнеја во кариерата, што ја прави една од ретките која може да се пофали со таков успех.

Хрватската пејачка активно го подготвува својот голем концерт кој ќе биде во „Арена Борис Трајковски“ на 30-ти март, 2024-та. Во тек се и подготовките на сценскиот настап, а за истото се ангажирани голем број на луѓе. Публиката ќе биде пријатно изненадена затоа што такво шоу досега никој нема видено. – велат организаторите.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 30.10.2023 и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Share
Scroll to Top