Северина ја објави „Нисам крива ја“ – првата песна од новата музичка трилогија (ВИДЕО)

Северина ја објави „Нисам крива ја“ – првата песна од новата музичка трилогија (ВИДЕО)

пред 6 часа

Хрватската музичка ѕвезда Северина денес ја претстави својата нова песна „Nisam kriva ja“, која го носи и поднасловот „Bezosjećajna“. Станува збор за првиот дел од најавената музичка трилогија, преку која пејачката ќе прикаже три различни емоционални состојби и животни приказни.

Според најавите, „Nisam kriva ja“ е една од нејзините најлични и најемотивни песни во последните години. Текстот зборува за љубовните разочарувања, емоционалните лузни и чувството на жена која ја изгубила способноста да сака, не по сопствен избор, туку како последица на животните искуства.

„Како што вели песната – не сум виновна, по сите точки. Ова е емотивна поп-рок песна“, изјави Северина по објавувањето на синглот.

Во свој стил, пејачката се пошегува и на сметка на фустанот што го носи во видеоспотот.

„Мајка ми ми соши фустан за на суд. За среќа, веќе немам судови, па решив барем да го покажам во спотот“, изјави таа со насмевка.

Видеоспотот го режираше Петар Пашиќ, долгогодишен соработник на Северина, кој стои зад неколку нејзини познати видеа. Новото видео е осмислено како визуелно впечатлива приказна која ги комбинира елементите на филмот и театарот, оставајќи простор гледачите при секое ново гледање да откриваат нови детали и симболика.

Музиката за „Nisam kriva ja“ ја потпишува Бојан Васиќ, текстот е дело на Даниел Павловиќ, а аранжманот на Иван Попескиќ. Вокалната продукција ја реализираше Бранимир Михаљевиќ.

Ова е само почеток на новиот музички проект на Северина. Во наредните денови таа ќе ги објави и останатите две песни од трилогијата – „Pozovi me ti“, со поднаслов „Anksiozna“, и „Svirajte mi ‘Rađaj sinove’“, со поднаслов „Savršena“. Заедно, трите песни ќе претставуваат заокружена приказна во која музиката, текстовите и видеоспотовите се поврзани во единствен концепт.

Со овој проект Северина отвора ново музичко поглавје, по албумот „Извини“ од 2023 година. Тогаш претстави пет песни инспирирани од актуелните регионални музички трендови и соработуваше со помлади изведувачи како Нучи, KIMMV и L’Amiral. Иако проектот привлече внимание, дел од музичките критичари оценија дека обидот да се доближи до помладата публика не оставил посилен впечаток.

Со новата трилогија, Северина повторно се враќа на емотивните теми и поп-рок звукот, надевајќи се дека преку искрените текстови и впечатливата визуелна приказна ќе допре до својата публика.

Share
Scroll to Top