„Сега личам на Путин“- Ќиро Блажевиќ се вакцинираше во Србија

„Сега личам на Путин“- Ќиро Блажевиќ се вакцинираше во Србија

пред 3 години

Славниот хрватски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ (86) уште еднаш ги насмеа медиумите во Хрватска и на Балканот, откако даде интересно интервју во кое зборуваше за своето искуство со вакцината против коронавирус.

Го прашаа  „Тренерот на сите тренери“ , дали навистина се вакцинирал преку ред, на што одговори дека бил „боцнат“ во Србија со руската вакцина.

Секој разговор со Блажевиќ е  оригинален.  Исто било и кога новинарите на порталот „24 сата.хр“ му се јавиле за да откријат дали е вистина дека човекот што ги водеше Хрватите на третото место на СП во Франција во 1998 година, ја примил вакцината преку ред во Загреб.

Следуваше крајно неочекуван одговор, во стилот на Блажевиќ.

„Не! Јас не се вакцинирав преку ред, не сакам така.  Ако го направев тоа, сега ќе ми ја ебеа мајката“, рекол Ќиро во свој стил, додавајќи дека ја примил руската вакцина Спутник V во Србија. Тој раскажал за вакцината, по што следеле шеги.

„Отидов таму, ја примив и да ви кажам, секој ден кога ќе се погледнам во огледало, сè повеќе личам на Путин. Таа прекрасна светла коса расте, навистина е убава, само треба да го вежбам неговиот изглед и тоа е тоа “, се пошегува Блажевиќ, кој, како што рече, ја примил вакцината Спутник V пред околу десетина дена.

Имајќи предвид дека го чека ревакцинација и дека ќе мора повторно да замине во Србија, Ќиро вели:

„Нема да одам уште еднаш да ја примам втората доза, доста ми е една доза. Ми извадија крв и таму за да видат како реагирав на вакцината, претпоставувам тест за антитела. Брадата ми расте како на Дража Михајловиќ“, објаснил Блажевиќ во неговиот препознатлив стил.

Share
Scroll to Top