Сега ја купувам и „Кока-Кола“ за да го вратам кокаинот во неа: новиот сопственик одлепи на „Твитер“

Сега ја купувам и „Кока-Кола“ за да го вратам кокаинот во неа: новиот сопственик одлепи на „Твитер“

пред 3 години

Откако милијардерот Илон Маск го купи „Твитер“, твиретџиите почнаа да пишуваат што сè тој би можел да направи за човештвото. На забавата ѝ се приклучи и Маск, кој напиша: „Следно ја купувам Кока-Кола за да го вратам кокаинот во неа“ и доби над два милиони лајкови. Во коментарите се појави и слика од стар твит на Маск: „Сега ќе го купам Мекдоналдс па ќе ги поправам сите машини за сладолед“. Новиот сопственик на Твитер одлепи, па се пошегува дека следно ќе го купи „Фејсбук“ за да го избрише.

dobivaj vesti na viber

Милијардерот, кој има 87 милиони следбеници на „Твитер“ на крајот напиша: „Слушајте, не можам баш да изведувам чуда. Ајде да го направиме Твитер максимално забавен“.

Сепак, мислењата на луѓето се поделени како ќе изгледа во иднина оваа социјална мрежа и што ќе се случува со слободата на говор. Едни се плашат од негативните последици, а други се воодушевени што Маск е нов сопственик.

Share
Scroll to Top