Седумгодишниот Кристијан првпат ја скрати косата за да ја донира на деца болни од рак

Седумгодишниот Кристијан првпат ја скрати косата за да ја донира на деца болни од рак

пред 1 година





Кристијан Кусоњиќ за првпат си ја скрати косата на 7-годишна возраст, а со тоа направи и добро дело. Малото момче од Босна и Херцеговина ја донираше косата во Здружението за родители на деца со малигни болести „Искра“ во Бања Лука. Прамените ќе бидат наменети за изработка на перики за мали пациенти кои ја изгубиле косата поради хемотерапиите.

За „Kozarski vjesnik“, неговиот татко изјавил дека Кристијан од раѓање бил борец. Како бебе беше префрлен во Бања Лука поради проблем со дишните патишта и беше на респиратор 13 дена. Сето тоа беше многу тешко за нас. Секој ден му се заблагодарувам на Бог што го чуваше и што нам ни подари вакво дете. Ова е најмалку што можеме да направиме за децата на кои им е потребна косата. Немам зборови со кои можам да опишам колку се гордеам со син ми“ – рекол таткото Даниел.





Share
Scroll to Top