Учителите и врсниците на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг ун, откриваат каков бил тој како дете. Тие велат дека тој бил, незаситен, темпераментен, арогантен, насилен, експлозивен и склон кон самофалење во училницата.
Ким одел во елитното школо Liebefeld-Steinhölzli во Швајцарија, во близина на Берн, од 1998 до 2000 година. Како што велат некои од неговите школски другари и наставници, тој бил темпераментен и не знаел да губи. Верувал дека е над сите деца, вклучително и неговиот постар брат Ким Џонг чул.
Постојано бил бесен и барал еден вид на лојалност од страна на другите деца. Беше склон кон насилство и секогаш ги гледаше другите како робови. Имаше двајца покрај себе кои често ги удираше“, открива еден извор, додавајќи дека Ким не бил добар ученик.
„Вниманието секогаш му било на друга страна, но,не на учењето“ открива тој.
Ким е средното од трите деца на Ким Џонг ил и Ко Јонг хуи. Како помлад син, тој не бил кандидат за наследник на династијата, но, неговите доминантни карактеристики го направиле тоа да стане.