Ребека Јанковска-Ристевски со емотивенколаж фотографии ѝ честиташе роденден на мајка ѝ Роза. Пејачката се потсети на деновите кога била дете.
„Секој ден е благослов што те имам. Среќен роденден. Да си жива и здрава мамичке моја“, напиша Ребека.
За потсетување, пејачката често објавува ретро фотографии од семејството кои како што вели ги има во голем број, затоа што нејзиниот татко Благоја кој бил новинар и сликар имал хоби да фотографира.