Лузи Мануел Гарсија во својата статија ја разгледува историјата на квир корените на клубската културам чии зачетоци ги имала во ЛГБТ заедницата.
На добротворниот настан „Промовирајте го диверзитетот“ одржан во септември минатата година во клубот Бергхајн почна со концерт, а журката траеше до раните утрински часови, на кој настапија 38 имиња за 24 часа, а диџеј сетовите трае по 1,5 час. По овој настан во најразлични клубови по градовите во светот истата недела се одржаа слични настани со иста цел, а средствата собрани од продадените билети ќе бидат донирани на ЛГБТ организацијата „Ол аут“ која е активна во неколку земји ширум светот.
Причината за организацијата на овие настани беше донесувањето на законот против „хомосексуална пропаганда“ во Русија, кој содржи делови со чија формулација во суштина се криминализира секаков вид на јавни изјави искажани во поддршка на „нетрадиционалните сексуални односи“.
Организаторите на добротворниот настан велат дека еднаквоста на сите ниво и толеранцијата се основни вредности кои клупската и музичката сцена отсекогаш ги поддржувала , а тоа е така затоа што поголемиот дел од музичките сцени што послужиле како темел за денешните музички жанрови, диско, гараж, хаус музика и тие се поврзани со маргинализираните групи, како геј, лезбејки, транс лица, расни и етнички малцинства.
„Во моментов денс музиката во Америка е целосно претворена во меинстрим,“ вели Лорен Граник, познат и како „Goddollars“, ко-основач и постојан диџеј во „Клубот наречен Ронда“ во Лос Анџелес.
„Повеќето новодојдени се стрејт/бели деца кои немаат никаква допирна точка со ЛГБТ заедницата, и покрај тоа што милионската публика крева раце на музика родена од потта на геј обоените луѓе во мугрите во старите складишта во Чикаго. Секако, би било лесно ова да се сведи на корупција на нашата драга музика од страна на шарлатани и идиоти, но повеќето новодојденци бидуваат привлечени од музиката довек и мислам дека е од клучно значење да се истакне улогата на геј заедницата и да ги научиме новите фанови на идеалите на заедницата, еднаквост и различност, толку клучни за самата ДНК на денс музиката уште од почетоците“, вели тој.
Повеќе на оваа тема може да прочитате на Терапија.