Селин Дион првпат по пет месеци се појави во јавноста: Имам здравствени проблеми, а закрепнувањето оди бавно

Селин Дион првпат по пет месеци се појави во јавноста: Имам здравствени проблеми, а закрепнувањето оди бавно

пред 2 години

Светската ѕвезда Селин Дион објави видео во кое вели дека уште еднаш мора да го одложи европскиот дел од турнејата Courage поради здравствени проблеми. Ова е прво појавување на Селин во јавноста по пет месеци, период во кој медиумите пишуваа дека е тешко болна. Канадската пејачка сега вели дека се чувствува подобро, но закрепнувањето оди побавно од што очекувала.

dobivaj vesti na viber

„Многу ми е жал што мораме уште еднаш да ги промениме плановите. Прво моравме да ги одложиме концертите поради пандемијата, а сега имам здравствени проблеми поради кои, за жал, мораме да откажеме некои концерти. Добрата вест е што се чувствувам малку подобро, но опоравувањето оди навистина бавно и ме фрустрира. Морам да бидам во топ форма кога сум на сцената и искрено, едвај чекам. Но, сè уште не сум подготвена. Давам сѐ од себе да се вратам на нивото што треба за да можам да дадам сто проценти на моите концерти, бидејќи тоа е она што го заслужувате“, вели ѕвеаздата.

Пред пандемијата во март 2020 година, Селин Дион ги заврши своите први 52 настапи од светската турнеја, но потоа ѝ се појавија грчеви во мускулите што ја спречуваат да настапи, а нејзиното закрепнување трае подолго отколку што се надевала.

Share
Scroll to Top