Село во Шпанија бара жители: најмладата жителка има 55 години

Село во Шпанија бара жители: најмладата жителка има 55 години

пред 11 месеци

Шпанија се соочува со испразнување на селата.

Селото Бихуеска се наоѓа на североистокот од земјата со регистрирани 98 жители, но само 18 од нив живеат во него. 55-годишната Беатриз Гои е најмладата жителка на Бихуеска. Заедно со својот 60-годишен сопруг Хозе Луис поседуваат кафуле во селото.

Во септември, за време на шестмесечното претседавање со ЕУ, шпанската влада организира конференција за иднината на руралните места во Сигуенца, село на еден час возење од Мадрид.

„Руралната депопулација е исклучително сложен проблем“, вели Игнасио Муиз, одговорен за планирање на политиките во шпанското Министерство за земјоделство.

Во својот говор исто така посочи дека им требаат млади луѓе што ќе произведуваат храна.

Од 18 жители во селото, осум се пензионери.

Постарите жители и властите се обидуваат да привлечат млади луѓе со воведување нови технологии во земјоделството, развивање на руралниот туризам и изнајмување напуштени куќи.

Текстот Село во Шпанија бара жители: најмладата жителка има 55 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top