Семејството на контроверзниот милионер Џон Мекафи сè уште не може да го добие неговото тело кое стои во мртовечница во затвор во Шпанија, се сомневаат дека бил убиен во ќелијата

Семејството на контроверзниот милионер Џон Мекафи сè уште не може да го добие неговото тело кое стои во мртовечница во затвор во Шпанија, се сомневаат дека бил убиен во ќелијата

пред 3 години

Семејството на покојниот претприемач и милијардер, Џон Мекафи и по седум месеци од неговата смрт сè уште не може да го добие неговото тело. Тоа се наоѓа во мртовечницата во шпански затвор, а мистеријата околу неговата смрт сè уште не е разрешена, пишува „Раша тудеј“.

Според извештајот на MarketWatcha, откако разговарал со неколку лица вклучени во случајот, известувачот Џон Шварц, во средата напишал дека неговото тело и понатаму се наоѓа во фрижидер во затворска мртовечница некаде во близина на Барселона.

Шварц во средата известил дека останува нејасно зошто неговото тело не е дозволено да излезе од Шпанија и исто така рече дека сè уште не е составен конечниот извештај од истрагата која ја водел шпанскиот судија Виктор Еспигаррес Хименес.

Мекафи е американски државјанин кој ја основал компанијата „Мекафи Корп“. Тој беше затворен во Шпанија во октомври 2020 година поради обвинувањата за затајување на данок во САД.

Откако шпанскиот суд го одобри неговото испорачување во САД во јуни 2021 година, тој бил пронајден мртов во неговата затворска ќелија. Починал на 75 годишна возраст, а како причина за смртта наводно било забележано самоубиство.

Случајот меѓутоа предизвикал голема контроверзија откако неговата сопруга тврдела дека тој бил убиен во затворот. Таа и нејзината ќерка Џен водат одвоена битка за тоа која од нив да го добие неговото тело.

Џој Атанаси, адвокатот кој ја застапува Џен, за MarketWatch рече дека според неа, шпанските власти не му направиле ништо на телото и дека тоа стоело целото ова време во замрзнувачот во мртовечницата во затворот.

Адвокатот кој претходно го застапувал Мекафи во затворот, Нишај Санан, рече дека ова претставува еден од најчудните случаи кои ги имал во кариерата.

Џен прво побарала кремирање на неговото тело и транспорт назад во САД, но сега откажала од своето барање, наводно за да спречи дополнително одложување на погребот на нејзиниот татко, пишува „Раша тудеј“.

 

Share
Scroll to Top