Семејството на Шумахер ме побара уште во 2014 година, но, сега шансите да се направи било што за него се многу мали, рече хрватскиот неврохирург Дарко Чуди

Семејството на Шумахер ме побара уште во 2014 година, но, сега шансите да се направи било што за него се многу мали, рече хрватскиот неврохирург Дарко Чуди

пред 3 години

Хрватскиот неврохирург, Дарко Чуди, кој се прославил со неговите микрочипови, со кои може да ги стимулира мозоците на пациентите, откри детали за состојбата на поранешниот седумкратен шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.

Тој вели дека ако се направело нешто година дена по несреќата, шансите за Шумахер да се опорави ќе биле многу поголеми.

Тој откри дека семејството на Шумахер еднаш го контактирале во 2014 година и побарале од него да му стави еден од неговите микрочипови во главата на Шумахер.

Но, затоа што тогаш не успеале да изведат таква операција, сега Чуди вели дека е предоцна и дека шансите за такво нешто се многу мали.

Чуди се прослави со неговите операции со вградување на микрочипови кои го стимулираат мозокот и кои можат да го разбудат.

„Веднаш по несреќата требаше да се направи нешто, така шансите за опоравување ќе беа многу поголеми. Сега е поминато многу време и шансите за закрпенување се многу мали“, рече Чуди.

За потсетување, Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа пред осум години за време на скијање на Алпите. Од тој ден за него се грижи неговата сопруга Корина. Документарниот филм за Шумахер излезе и на „Нетфликс“ и во него се откриваат детали за неговиот приватен живот.

 

Share
Scroll to Top