Семејството на Американецот кој се удави откако слета на урнатиот мост го обвинува Гугл за неговата смрт бидејќи не ги ажурирал мапите.
Семејството на Филип Паксон ја тужи компанијата поради неговата смрт, тврдејќи дека Гугл бил невнимателен што не соопштил дека мостот се урнал девет години претходно, пишува Гардијан.
Паксон починал во септември 2022 година откако се обидел да вози преку мост во Хикори, Северна Каролина. Портпаролот на Гугл рекол дека компанијата ги разгледува наводите. Случајот е поднесен во судот на округот Вејк.
Паксон, татко на две деца, возел кон дома од прослава на деветтиот роденден на неговата ќерка во куќата на пријател и бил во непознат дел од градот во моментот на неговата смрт, се наведува во тужбата на семејството. Неговата сопруга порано ги однела нивните две ќерки дома, а тој останал да помогне во чистењето.
„Бидејќи не ги познаваше локалните патишта, се потпираше на „Гугл мапс“, очекувајќи безбедно да го одведе до куќата“, рекоа адвокатите на семејството. Во тужбата се обвинети и три локални фирми од кои, наводно, се барало да го одржуваат мостот.
„Нашето најдлабоко сочувство до семејството Паксон. Нашата цел е да обезбедиме точни информации за маршрутите во мапите и ја разгледуваме оваа тужба“, изјавил портпаролот на „Гугл“ за АП.